(Фото) Српска пејачка ги моли гостите да не ѝ даваат бакшиш, откако доби клучеви од автомобил и златен Ролекс

Поранешна учесничка во реално шоу и српска претставничка во изборот за Мис, пејачка, Сара Рељиќ направи одлична атмосфера во еден од нејзините настапи. Толку добро ги забавуавше гостите, што некои од нив место бакшиши и ги даваа клучевите од автомобилите и златните часовници од брендот „Ролекс“.

Сара на крајот призна дека ги вратила клучевите и дека ги молела гостите повеќе да не ѝ даваат бакшиши. Додека пееше рацете ѝ беа полни со пари.

„Полека, во другиот блок ќе се свират повесели песни“, им рече Сара на гостите.

Кога еден од нив продолжил упорно да ѝ дава пари, му рекла: „Полека, заштеди пари за такси. Доста е, од тебе“. Покрај пари, Сара била украсена и со злато, кое го ставила на вратот.

 

 

Scroll to Top