Стриптизети кои изведуваат танц за време на погреб, танцувајќи пред ковчегот со мртовец стана хит на интернет. Девојките се забавуваат и ја подигнуваат атмосферата меѓу ожалостените луѓе. За многу малку време видеото имаше милиони прегледи, лајкови и коментари.
Некои од луѓето коментираат дека станува збор за погребот на 26 годишниот Мдудузи Кардбери Зване, кој исто така се занимавал со стриптиз и егзотични танци. Колегите на овој начин решиле да се простат од него за последен пат.
Тие танцувале во негова чест, а од видеото се чини дека на семејството не му пречело. Мдудузи „Кардбери“ Зване бил убиен кон крајот на јули и бил застрелан од непознати мажи во автомобил. Погребот се случи во Преторија, град во Јужна Африка.
View this post on Instagram