(Видео) Свекрвата се обидела да ја убие невестата на денот на венчавката

Организаторката Кели, на „Тик ток“ раскажа хорор приказна од една венчавка за која самата вели дека била сведок. Таа откри дека свекрвата наводно се обидела да ја отруе невестата, давајќи и колач со кокос за кој знаела дека е алергична.

Во видеото кое го нарекла „Грешка или саботажа“, Кели објаснила како свекрвата се обидела на сила да ѝ даде од колачот кој таа го нарачала.

„Сè започна нормално. Добив порака во документите на кој пишува дека невестата била алергична на кокос. Тоа го знаеја луѓето кои ја правеа тортата, па не ставија кокос во неа“, рече Кели.

Но, во периодот меѓу венчавката и прославата, Кели забележала непланирана достава на колачи.

„Мајката на младоженецот ми призна дека таа ги нарачала. Ми рече дека сакала да се осигура дека ќе има доволно десерт за сите гости“, објасни Кели.

Но, откако младенците ја пресекле тортата, ситуацијата почнала да наликува како сцена од хорор филм. Свекрвата упорно ја терала невестата да проба парче од нејзините колачи кои таа ги нарачала.

„Го зема колачот и се обиде насила да ѝ го стави во уста. За среќа нејзиниот син ја спречи во тоа“, рече Кели.

„Мамо, знаеш дека е алергична“, ѝ викнал тој и го фрлил парчето колач.

„Ужасна си. Никогаш не ја поддржуваше нашата врска. Уште еднаш го допре дното. Можеше да заврши, да доживее анафилактички шок“, ѝ викал тој пред гостите.

„Драги незгоди се случуваат секој ден“, му одговорила мајка му и си заминала од веселбата.

„Социопатка 110 проценти“, заклучи Кели на Тик Ток, а голем дел од фановите се согласија со нејзиниот став.

Повеќето од фановите на Кели се шокирани од нејзината приказна и се убедени дека мајката на младоженецот повторно ќе се обиде да ѝ наштети на нејзината снаа, додека други го фалат младоженецот што ѝ се спротивставил на мајка му.

@_cal_ciferReply to @natecreepyart The aftermath was AWKWARD. #weddingplanning #motherinlaw #storytime #weddingvenue #weddinghorrorstory #weddingtiktok

♬ original sound – Callie

Scroll to Top