(Видео) Таксист во Кина се штити од коронавирус

Кога станува збор за коронавирусот, превенцијата за сите е на прво место. Тоа важи особено за таксистите во Кина, кој и покрај бројните забрани, сè уште мораат да ја извршуваат својата задача, за да ја заработат платата.

На социјалните мрежи е објавено видео од еден патник кој се вози во такси во Кина. Локалниот таксист ги имал преземено сите мерки за да се заштити од опасниот вирус. Тој целосно го изолирал возачкото седиште.

Овој негов потег наиде на поделени реакции на социјалните мрежи. Некои се шегуваат на негова сметка, додека други го пофалиле за иновативното решение.

Scroll to Top