(Видео) Те продадовме да играш во Индија: на Пандев му наместија скриена камера

Капитенот на македонската репрезентција, Горан Пандев, во Италија го наместиле со скриената камера на телевизијата „Медијасет“. За сè да помине според предвиденото сценарио, помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито, и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси. Корси е тој што му соопштува на Пандев дека клубот решил да го продаде во Индија.

„Доста, Корси. Си полудел ли? Да не си пијан? Што зборуваш“, му вели Пандев на Корси.

Менаџерот му соопштува на Пандев дека за три сезони во Индија, ќе заработи 72 милиона евра плус може да добие и бонуси од 10 милиони евра.

„Каков Ченаијин, каква Индија. Попрво би си пукал во устата“, реагира Пандев.
Видете ја скриената камера на овој ЛИНК 

Scroll to Top