(Видео) Тепачка во живо среде емисија: Новинар и проруски политичар во Украина се степаа со тупаници

Новинарот Јури Бутусов во емисијата во живо „Слобода на говор“ во Украина го удри прорускииот политичар Нестор Шуфрич за време на дебата за Владимир Путин.

Тој го нападна пратеникот Шуфрич од партијата на проруската опозициска платформа – За живот.

Тепачката дојде откако Шуфрич рече дека неговата партија е втора најсилна во Парламентот и дека народот на Украина ја поддржува и одби да ја осуди политиката на Путин кон Украина. Бутусов го нарече предавник и го удри со тупаница по лицето.

Шуфрич се обиде да возврати . Тие се бореа на подот, а другите гости, пранешниот премиер на Украина Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко, се обидоа да ја смират ситуацијата.

На крајот успеаа да ги разделат.

Scroll to Top