(Видео) Трамп чистеше првут од палтото на Макрон

Претседателот Доналд Трамп направи шоу со чистењето првут од јаката на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој рече дека ова е знак на „многу посебни односи” меѓу двајцата водачи.

Сопственикот на Белата куќа направи изненадувачки гест додека стоеше пред  фотографите во овалната канцеларија. Макрон е првиот француски лидер кој пристигнал во државна посета на Вашингтон откако Трамп ја презеде функцијата пред 15 месеци. „Имаме многу посебни врски, па јас ќе го исчистам тоа мало затајување…Мораме да го направиме совршен, тој е совршен”, се пошегува Трамп.

Scroll to Top