(Видео) Урнебесна сообраќајка во Азија: Трицикл не еднаш, туку трипати по ред прегази човек среде раскрсница

На социјалните мрежи се појави видео од една сообраќајна несреќа во Азија. На видеото се гледа како маж лежи среде раскрсница, откако бил прегазен со трицикл.

Целата работа и немаше да биде толку смешна ако тоа не се повтори трипати по ред.

Човекот кој го управуваше трициклот откако го прегази првиот, со уште неколкумина минувачи успеаа да го кренат превртеното возило и да го извлечат несреќниот човек под него.

Но, тој остана да лежи на асвалтот, а возилото кое било во брзина, продолжило неконтролирано да вози низ улицата, па како за несреќа уште двапати го прегази повредениот пешак.

Медиумите пренесуваат дека тој претрпел тешки повреди и веднаш бил однесен во болница.

Scroll to Top