(Видео) Весна Змијанац: Ми се удвараат младите затоа што сите стари умреа

Весна Знијанац веќе долги години е на естрадата и не крие дека за добриот изглед оди на естетскиот хирург. Вели дека непристојно е да не се оди кај него.

„Замислете сите да криеме дека си ги поправаме забите. Што е стоматолог и естетскиот хирург освен едно исто? Да не ги поправавме малку овие работи, ќе станеше некултурно. Како да се појавиш со лоши заби“, рече Змијанац, која додаде дека немала проблем со додворувачите, но има проблем со нивните години.

„Помладите ми се додворуваат, но тоа е логично, бидејќи постарите умреа“, рече Змијанац.

Scroll to Top