(Видео) Водителка на вести проголта мува во емисија во живо

Фара Насер, канадската водителка на каналот Глобал њуз, голтна мува додека читаше вести во живо. Таа на Твитер објави видео од моментот кога ја голта мувата и продолжува да ги чита вестите без прекин.

Таа се шегуваше на своја сметка, па кажа и дека канадскиот премиер Даг Форд неодамна проголтал пчела на прес-конференција.

„Споделувам затоа што на сите ни треба да се насмееме овие денови. Денеска голтнав мува во етер, излезе дека не е само Форд“, напиша таа.

Scroll to Top