За време на преносот на божикното обраќање на папата Франциско, водителката на телевизијата ITV, Кајли Пентелов, направи голема грешка и рече дека папата е мртов.
„Празничната порака на папата беше фокусирана на молитвите за конечно на пандемијата да ѝ се види крајот. Порача дека вакцините треба да бидат достапни за сите на кои им се потребни. Неговата смрт е најавена… Извинете“, рече Кајли, која веднаш ја увиде грешката што ја направи.
ITV just announced the death of The Pope by accident pic.twitter.com/GS5RNCdm5b
— Scott Bryan (@scottygb) December 25, 2021
Иако водителката бргу се извади и премина на друга тема, гледачите ја забележаа нејзината грашка и како таа предвреме го погреба поглаварот на Римокатоличката црква.
„Некој нека ѝ даде на водителката пијалак веднаш. Па сите правиме грешки“, порача телевизискиот критичар Скот Брајан и додаде дека папата не е мртов.
За потсетување, папата Франциско секоја година, традиционално, на католичките верници им се обраќа од балконот на базилката „Свети Петар“, а во божикната проповед ги повикува светските лидери да не се оддалечуваат од социјалните врски и значајниот дијалог.