Водителка во емисија е снимена како вика по колегите во телевизија додека одат реклами. Не знаеше дека од режија го оставија микрофонот вклучен. Видеото стана популарно, а многумина коментираат дека тонецот намерно ја оставил да оди во етер за сите да ја слушнат.
„Ова е невиден блам. Скандал. Ова не е случајно. Ова 99% злонамерно и тонецот ја пушти да ја оцрни. Тоа се вика одмазда“, биле некои од коментарите.
Има и такви кои ја нападнаа и дадоа поддршка на луѓето од режија, па и порачаа дека следниот пат ќе размисли кога ќе почне да се замерува со луѓето одговорни за звукот.
„И удри славата и безобразлукот во глава. Следниот пат пак замери се со тонецот“, напишаа тие.