(ВИДЕО) Водителот на временската прогноза испушти гас во програма во живо!

Многу во коментарите на социјалните мрежи тврдат дека баш добро „нанишанил“.Американскиот водител на временската прогноза требаше на своите верни гледачи, само да им соопшти дали ќе има дожд или сонце, но наместо тоа, тој пушти „ветер“ во програма во живо.

Крис Дан од телевизијата во Алабама, доживеа голема непријатност додека ја читаше најавата за температурата за време на викендот. Во еден момент тој направи пауза меѓу градовите и се случи „критичниот“ момент.

Тој буквално се помести наназад, благо ги свитка нозете, а потоа следеше звук во налик на оној при испуштањето на гас. Инаку, тој звук следеше откако на луѓето им беше најавен „тивок и мирен викенд“.

Потоа, тој продолжи да го чита својот извештај на публиката.

Снимката од овој инцидент е прегледана повеќе од 600.000 пати и покрена расправа на интернет дали ова е случајност или водителот намерно го направил тоа што го направил, судејќи според деталите на снимката.

Некои се дури и убедени дека „нанишанил надвор од кадарот, баш заради тоа што бил сигурен дека камерата не може да го фати неговиот гас“.

Погледнете го видеото и самите пресудете дали е во прашање „испад“ или „планиран трик“.

 

 

Scroll to Top