(Видео) Зајак се шокираше кога дозна дека е посвоен

Снимката на која зајак се шокираше во истиот момент кога од газдата дозна дека е посвоен насмеа голем број корисници на интернет-мрежата „Јутјуб“.

Зајакот седеше мирен и ја јадеше храната што стопанот му ја даде. Но во моментот кога му вели дека е посвоен, животното ги подотворува очите и подзинува, шокиран од ваквата информација.

„Во ред е, сè уште те сакаме“, се обиде на крај стопанот да го смири вознемирениот зајак.

Scroll to Top