Безбедносната камера во еден од рестораните на Тим Хортон во Канада снимила вознемирувачки момент кога на една жена од Британска Колумбија не ѝ било дозволено да го користи тоалетот, па таа решила да се олесни на самото место.
По расправата со персоналот, таа ги спуштила панталоните и се олеснила на самото место каде што се наплатува храната, а потоа почнала да го фрла изметот кон вработените и зела салфетки за да се избрише.
Во некои од коментарите под видеото стои дека таа побарала да го користи тоалетот, но вработените ѝ објасниле дека тој може да се користи само од муштериите што купиле храна.