(Видео) Жена со статив го нападна Борисов

Жена со статив утрово го нападна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Таа сакаше да го удри додека тој даваше изјава пред Националната полиција. За среќа, обезбедувањето и полицијата реагирале навреме.

Полицијата вели дека за да се доближи до Борисов, таа се претставила како новинарка на руски медиуми. Подоцна откриле дека е од Минс и дека е блиска со познатата новинарка и критичарка на партијата на Борисов ГЕРБ, Мирољуба Бенатова.

 

Scroll to Top