(Видео) Жени се степаа во тоалет која прва да оди на мочање

Социјалните мрежи се преплавени со снимка од тепачката која се случила за време на концертот на Морган Волен во Питсбург, САД. Како што објави Times Now News, пред мобилните тоалети дошло до жестока физичка пресметка меѓу две жени. На почетокот на видеото може да се види нивната вербална расправија, а по неколку разменети зборови настан целосен хаос. Двете толку многу се туркале што паднале во една од кабините од каде излетала вознемирена девојка која веќе била внатре.

Една од учесничките во тепачката буквално завршила во тоалетната школка, а потоа во гужвата влетале уште две жени и настанал општ хаос кој обезбедувањето залудно се обидувало да го спречи.

Клипот, кој трае 52 секунди, го погледнале повеќе од 13 милиони луѓе, а локалните медиуми пронајдоа една од актерките. Таа тврди дека ја бранела својата мајка (во бел џемпер) која ја чувала вратата додека била во тоалетот.

 

Scroll to Top