(Видео) Зошто ми ја погледна жената?-Масовна тепачка на аеродром во Приштина

Неколку лица се степале на аеродромот во Приштина „Адем Јашари“, а причината за тепачката како што пренесуваат косовските медиуми била тоа што некој погледнал во нечија сопруга при пријавување.

На видеото објавено на фејсбук страница се гледаат неколку лица кои си разменуваат удари пред зградата на аеродромот.

„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање“, ова според написите била причината за тепачката помеѓу две групи на аеродром.

Две лица се повредени на кои им била укажана лекарска помош, соопшти портпаролката на полицијата Флора Ахмети.

Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во тепачката се приведени во полициската станица.

Scroll to Top