Во Франција ќе се избира најгрдиот новогодишен џемпер

Во областа Нормандија во Франција, во рамките на новогодишниот панаѓур ќе се избира најгрдиот плетен празничен џемпер. На базарот, кој ќе се отвори на 30 ноември, се поканети сите што мислам дека поседуваат вакво парче облека. Сите натпреварувачи ќе бидат фотографирани со џемперот на нив. Победникот ќе биде прогласен следниот ден, на 1 декември, а како за награда ќе добие пакет празнични подароци.

„Предност имаат рачните плетки со чудни шари и облици, кои стојат во орманите и никој не ги носи“, велат организаторите.

Дури и самиот градоначалник Агон Контевила, кога го организира овој настан, носел таков џемпер со елки и ирваси кога го најавувал натпреварот, а со него била една од советничките за култура – таа носела џемпер со чудни жолти шари.

Scroll to Top