Велшкиот возач Џон Кели за помалку од два месеци годинава собрал дури 57 казни за пребрзо возење. Казните ги добил во период од само 54 дена. Тоа значи дека за еден ден добивал барем по една, а имало и денови кога добивал и повеќе од една казна.
Се работи за казни кои ги собрал од 19 февруари до 14 април, а сите биле направени на четири локации, каде максималната брзина на возење е 50 километри на час, пишува Eales Online. Бидејќи не платил ниту една казна, износот на долг се искачил на речиси 47.000 фунти, пренесе „Индекс.хр“.
Кели низ четирите зони каде е релативно ниско ограничувањето на возење, поминал со 70 километри на час, а снимен е и како вози со 110 километри на час. Ако се прашувате зошто не продолжил со праксата, одговорот е дека тој 14 април го запрела полицијата.
Утврдиле дека автомобилот нема осигурување, па Кели останал без својата омилена „Буба“. Со вкупно 57 казни за пребрзо возење и една за минување на црвено, Кели дошол на суд, каде му била утврдена казна од 46.880 фунти, а потоа добил и 48 казнени бодови. Возачката дозвола му била одземена на 36 месеци.