На трката со пикап-возила, што се одржувала во Паркер, Аризона, возачот на еден од пикапите, Кристијан Сурапас, удрил во две крави со брзина од 180 километри на час. Во видеото од 360 степени, снимено со камерата во кокпитот на возилото, се гледа како кравите му го пресекуваат патот, а возачот нема можност да закочи и удира директно во нив.
Возилото во кое, освен Сурапас, се наоѓал и неговиот совозач Џон Тондро, се превртело неколкупати и речиси целото е уништено. Двајцата мажи повредени сами го напуштаат пикапот.
Овој пикап, кој чинел 500.000 долари, имал осумцилиндричен мотор со моќност од 850-до 900 коњски сили и 1.200 вртежи. Дизајниран е со единствена цел да развие највисока можна брзина на теренот.