За инает на скопјани, битолчани сакаат нови имиња во градот: плоштадот Магнолија да се вика „Силви бенд“

По реакцијата на скопјани за менување на имињата на улиците и поставување имиња од нивни познати рок и поп-групи во Скопје, се јавија и битолчани за инает на скопјани и сакаат нови имиња на улиците за нивниот град Битола.

Во текот на 2019 година во Скопје имаше јавна анкета за враќање на некогашните имиња на улиците и предлог за нови, кои би доаѓале од поновите времиња на познати рок и поп-групи, личности и други, која беше проследена со голем интерес и почна со дополнување на регистарот со имиња.

Па, така, Град Скопје предложи да се сменат имињата на улици, плоштади и мостови, а на листата се најдоа „Леб и сол“, Есма Реџпова, „Медена земја“ и други.

Битолчани, како што пренсеува babambitola. mk, со нивни предлози предлагаат плоштадот Магнолија да се вика „Силви бенд“, некои од улиците да ги добијат имињата на Анета и „Молика“, „Алтернатор“, „Елита“, „Паркети“, „Чоканче“, „Фолтин“ и „Мадригали“.

 

Scroll to Top