Завршил на Ургентен оти го погодила песна на Шабан Шаулиќ

Вељко од Белград завршил во ургентен центар поради песна на Шабан Шаулиќ. Песната „Дојди да остариме заедно“, го погодила толку многу што си скршил шише од главата.

Од билтените во соседните земји стои и името на еден маж од Загреб, кој исто така завршил на ургентен поради јагнешка коска. Додека јадел случајно си го погодил и повредил левото око.

На социјалните мрежи се појавија два наводни лекарски извештаи од Србија и Хрватска, во кои се опишани повредите со кои се здобиле две млади момчиња кои завршиле во Ургентен центар.

„Денеска за време на ручек го удрило парче јагнешка коска во пределот на левото око. Држел мраз околу 20 минути, видот му е заматен, го гребе и има болки. Негира какви било други тегоби. Негира каква било алергија на лекови“, стои во лекарскиот извештај..

Голем број твитерџии по објавените лекарските извештаи почнаа да се шегуваат и коментираат дека овој народ ќе живее додека има јагниња и песни на Шабан.

 

Scroll to Top