Победникот во годинешниот 12 натпревар во лежење, кој се одржа во Црна Гора, Жарко Пејановиќ, упаднал во просториите во дневниот весник „Дан“ и физички се пресметал со вработените кои го нарекле џаболебар.
Ги нападнал техничкиот уредник и новинар и искршил и дел инвертарот. Откако направил хаос во рекламниот оддел на „Дан“, продолжил и во другите редакции. Полицијата одма интервенирала и го привела. Од таму кажале дека го нападнал уредникот А.Ј и го скршил стаклото во просториите.
Уредникот се здобил со гребаници на раката. За потсетување, Жарко победи во натпреварот во лежење кој се одржува секоја година во етно селото Монтенегро во Брезна. Лежеше непрекинато 60 часа.