Жена го запалила каминот во кој нејзиниот маж криел 20.000 евра

Марио Б. од Рим не ѝ кажал на сопругата дека во каминот ја сокрил заштедата од 20.000 евра, па таа не знаејќи го запалила каминот, пишуваат италијанските медиуми. Тој во каминот ги ставил обврзниците, бидејќи мислел дека е безбедно место што крадци никогаш нема да го пребараат.

„Мојата сопруга не знаеше дека јас ги скрив парите таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици ќе се онесвестев“, раскажал тој за „Ил џорнале“.

Марио додал и дека не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, бидејќи температурата во Рим во моментов не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде празнична атмосфера.

„Кога ѝ кажав што има во каминот, беше предоцна“, додал тој.

Scroll to Top