Жена со најголема уста на светот: Може да стави три крофни одеднаш

Саманта Ремсдел, 31-годишна американска пејачка и комичарка од Конектикат, е веројатно жена со најголема уста во светот. Распонот на устата на Саманта е 9,25 сантиметри, додека светскиот рекорд го држи Франциско Доминго Јоаким од Ангола со дури 17 сантиметри. Саманта раскажала дека како дете ѝ се посмевале поради огромната уста, но и дека најголемата мана ја претворила во добивка.

Никогаш не мислев дека мојата уста ќе предизвика ваква реакција, а сега имам и повеќе од 800.000 следбеници на Инстаграм, и по видео можам да заработам 15.000 долари“ рекла таа.

Саманта на Тик-ток објави дека може да стави во усте три крофни одеднаш.

Scroll to Top