Змија се завитка околу телото на водителката среде емисија

Гледачите на шоуто „Ова утро“ на британската телевизија беа изненадени кога утринската емисија што ја води Холи Билоуби  одеднаш беше прекината. Темата за која се разговараше беа кучињата, односно дали имаат емоции или не.

По 15 минути, емисијата се врати во етерот како ништо да не се случило, без ИТВ да даде објаснување за прекинот. Еден час подоцна, водителката Холи Вилоуби откри дека била нападната од голема змија.

„Се извинувам за претходниот прекин. За тоа е виновна змија“, кажа Вилоуби, по што покажа што се случило.

Камерата ја покажа змијата како се обвиткува околу нејзините нозе, по што продолжи да се качува по телото.

„Боже, што да правам сега? Тргнете ја од мене“, викаше таа со змијата на себе.

„Само остави ја да си ја врши работата“,  со смеење ја охрабри колегата Фил Скофилд.

Scroll to Top