Погледнете пет стилови кои можете да ги носите со леснотија, одлично изгледаат и додека носите шешир и капа, а и откако ќе ги симнете.
Лежерна плетенка или рибја коска
Опавчето кое извира под капата е брза фризура која е готова за минута е омилена за многумина. Со плетенката можете да си играте на повеќе начини, на пример да ја исплетите од двете страни или само една на страна.
Коњски опаш и носење капа
Косата собрана во опаш е избор кој ви го предлагаме да го направите во понискиот дел од главата, така што опашот не би изгледал како грпка под капата.
Ниска пунџа
Одличен избор, затоа косата останува собрана и непроменета по симнувањето на капата.
Пуштена коса
Распуштената коса најдобро е да ја стилизирате така што ќе извлечете неколку прамени и ќе ги сместите под лицето, а со капата ќе го покриете само врвот од главата, држејќи ја преку ушите. Доколку имате шишки, извлечете ги од капата, за да не залепат.
View this post on Instagram
Вечни бранови
Лесните бранови во косата даваат опуштен и романтичен изглед, кој е најлесно да го направите со помош на фигаро или пегла. Не мора да ја виткате од коренот на косата, затоа што капата ќе ги сплеска. Правете ги од нивото на увото кон краевите.