Како да го избирете вистинскиот парфем за подарок

Парфемот е секогаш добар подарок, било кој и да е поводот: годишница, Нова година, Денот на заљубените, роденден…

Сепак најдобро е да ја погодите вистинската мирисна нота, која ќе им се допадне на личностата на која ѝ го подарувате, е навистина многу комплицирано.

Затоа најдобро е да ги земате предвид советите на експеритите при изборот на парфемот кој ќе го подарите некому.

Како да го изберете вистинскиот парфем

На прво место, треба да се имаат предвид дали постојат исти производи со различно ниво на концентрат. Тоа значи дали мирисот ќе трае подолго или пократко, дали ќе се менува со текот на времето и ќе биде помалку или повеќе интезивен.

Со самото тоа што првото што треба да го имате на ум кога бирате парфем е: што сака личноста на која ќе ѝ го подарите? Доколку сака мирисот да трае подолго, тогаш ќе ѝ се допаѓа повеќе концентриран парфем. Од друга страна, доколку не сака мирисот предолго да останува на кожата, тогаш ќе ѝ одговара парфем кој има помалку концентрат.

Спрема нивото на концентрираност можеме да разликуваме:

– Колонска вода, чиј концентрат е измеѓу пет до седум проценти

– Тоалетна вода, чиј концентрат е измеѓу седум до дванаесет проценти

– Парфем, чиј концентрат е измеѓу дванаесет и дваесет проценти

– Екстракт од парфем, чиј коцентрат е измеѓу дваесет и триесет проценти

Идеален парфем спрема старосната доба:

Иако секое сетило за мирис има посебен свет и често вкусот не знае за години, сепак постојат одредени статистики кога е во прашање употребата на парфемот на европско ниво, кои дозволуваат да имате претстава за тоа каква мирисна нота одговара на одредената старосна доба. Сепак, кај мажите е малку потешко да се воспостави врска измеѓу годините и парфемот.

– Жените кои имаат помалку од 25 години најмногу сакаат цветни или овошни мирисни ноти;

– Жените измеѓу 25 и 45 години ги привлекува силните и специфични ноти;

– Жените кои имаат повеќе од 45 години преферираат цветни ноти.

Совршен парфем во склад со пригодата

Кога бирате парфем, тогаш треба да имате предвид во какви пригоди ќе биде најчесто користен. Не се сите парфеми идеални за секоја пригода. Па затоа, го посматрате секој парфем како посебен предмет. Значи, тој мора го прати стилот на облекување, расположението…

Главна цел е личноста да се чувствува пријатно дека го носи парфемот, но не и да ја нарушува комфорноста на другите. Затоа, доколку на оној кому му го подарувате парфемот се занимава со работа во која доаѓа до непосреден контакт со луѓе, тогаш ви препорачуваме да изберете понежен парфем.

За ноќните излегувања, идеален е оној малку посилен и повпечатлив.

Останати карактеристики кои треба да се имаат предвид

За да изберете совршен парфем за некого, треба да се распрашате какви парфеми до сега таа личност користела. Дали тоа биле остри, нежни, цветни… На тој начин ќе можете полесно да го изберете вистинскиот парфем за подарок.

Како и кај гардеробата, така постојат летни и зимски парфеми. Летните парфеми се освежувачки и помалку остри од оние кои се пригодни за зима. Премногу јакиот парфем летно време е неподнослив и за оној кој го носи и за околината.

Уште еден важен факт: Парфемот мириса на секоја кожа поинаку. И поради таа причина, идеално е да тргенете со личноста на која планирате да ѝ купите парфем заедно во парфимерија, притоа глумејќи дека незадолжително пробувате парфеми. Покрај тоа, некои парфеми се менуваат како што времето поминува. Затоа, немојте лесно да потпаѓате на првиот впечаток.

Scroll to Top