Ако барате модерна, освежувачка фризура, овде можете да најдете инспирација. Ја избравме најпопуларната есенска фризура, која доминира во целиот свет. Пред сѐ, бидејќи е практична и смела, зрачи со самодоверба, а во исто време ќе ве ослободи од оштетените краеви.
Кога ќе дојде есен, повеќето жени секојдневно ја третираат косата со разни топли апарати за да ја стилизираат. Од исправувачи на коса до виткање, со секој апарат ќе ја добиете посакуваната фризура, но во исто време ќе ги оштетите краевите на вашата коса. Дури и топлата преса не гарантира фризура цел ден бидејќи кога врне и нивото на влажност во воздухот станува високо, вашата коса ќе се навитка и ќе добие неправилна форма. Студеното време бара носење шапка, која, пак, ја електризира долгата коса и целосно ја расипува фризурата.
Фризерите велат дека есента е вистинското време да ја скратите косата и да ѝ го вратите сјајот!
Затоа познатите дами и фризери одлучија да воведат нов тренд на есенска фризура, а тоа е елегантен боб.
Елегантен боб значи коса над или под линијата на вилицата.
Дури и најголемите американски ѕвезди не се откажуваат од овој тренд. Краткиот боб е одличен кога сакате да изгледате модерно, а во меѓувреме оставате простор косата да закрепне од жешките летни температури и солената вода, а со тоа да ја врати својата мекост и сјај.
Природниот изглед сѐ уште е во тренд и иако се ближи крајот на 2021 година, никој не се откажува од природната грижа и гордо се покажува без премногу шминка.
Главниот тренд оваа есен, покрај краткиот боб, е да се нагласи сивата коса. Како што можете да видите на фотографијата, сивата коса изгледа прилично кул ако стане дел од вашиот стил, а и останува мека бидејќи нема сушење со хидроген и силни бои.
Ако се одлучите за краток боб, не смеете да заборавите дека кадриците сѐ уште се во тренд, како и благите бранови. Не треба секојдневно да ја сушите косата со фен, можете да се препуштите на природниот изглед и да ја чешлате косата наутро. Благите бранови ќе му дадат на кратокиот боб доза гламур и ќе го истакнат волуменот на вашата коса, што е прекрасна вест за дождливите есенски денови.
Фризурата е практична и затоа жените во светот ја обожаваат, се обидуваат да ја негуваат и да ги кратат оштетените краеви во текот на зимата, а потоа повторно ја пуштаат косата за летните месеци.
Тоа ви го препорачуваме и вам доколку сте доволно храбри.