Најголемите грешки во шминкањето што треба да престанете да ги правите

By

Не знаеме од кого сме ги слушнале, но сите ги повторуваат, па и ние: ова се петте мејк-ап фикс идеи, грешки, невистини, митови, наречете ги како сакате, во кои треба веднаш да престанете да верувате.

Коректорот под очи секогаш прв се нанесува

Секако дека е не погрешно, но не е ни нужно прво него да го нанесете, а потоа и пудрата за лице. Доколку сакате да заштедите време и да постигнете ефект на беспрекорна кожа, прво треба да нанесете пудра, а потоа да преминете на шминката околу очите. Со обѕир на тоа што правта во текот на нанесувањето на сенката може да се распадне, во таа смисла, овој редослед е едноставен. Затоа што доколку откако ги нашминкате очите, правта од сенката која евентуално се истурила, едноставно избришете ја со влажно марамче и нанесете подлога и коректор. На тој начин, правта нема да се залепи за коректорот, па така подочниците нема да се чинат потемни отколку што се.

Темните веѓи добро им стојат на сите

Густите и темни веѓи се сè популарни, но тоа не значи дека на сите добро им стојат. Секој од нас има различни веќи и на тоа треба да се прилагодите, а не да ги следите трендовите на сила. Секогаш можете да го нагласите природниот облик на веѓите така што ќе ги пополните и ќе ги потемните за неколку нијанси од нивната природна боја, но не смеете да претерувате затоа што тогаш тие нема да изгледаат нималку природно.

Никогаш не нанесувајте шминка со прсти

Многу луѓе не сакаат да го допираат своето лице затоа што мислат дека е нехигиенски. Но, прстите можат да бидат одличен алат за шминкање. Секако, пред да ја нанесете, морате да се осигурате дека вашите раце се чисти. Во контекст на пандемијата од коронавирусот, рацете морате да ги миете темелно и детално. Прстите природно имаат температура која е идеална за блендање на подлогата и пигментот на природен начин.

Коректорот мора да биде посветол од тонот на кожата

Постојат повеќе бои на коректор и секоја боја има одредена функција. Така зелената боја го неутрализира црвенилото, жолтата ги камуфлира темните кругови, додека белиот коректор го смалува изгледот на брчките.

Шминката е лоша за кожата

Не нужно. Лошо е доколку заспиете со шминка, но сама по себе, таа ја штити кожата од надворешни фактори, па често делува и како механичка заштита од штетните УВ зраци. Но, важно е добро да се грижите за неа. Тоа вклучува правилна исхрана, секојдневно чистење на лицето, задолжително тргање на шминката пред спиење и често чистење на четките за шминка.

Ќе ви се допадне