Пристигна есента што значи дека треба повеќе да се грижиме за кожата, која во овој период, доколку не сте ја опоравиле од летото, може да биде загрозена во однос на појавата на црвенило или прекумерна сувост, пукање или лупење на кожата. Затоа е многу важно доволно да ја хидрирате, да ја исчистите и подмачкате кожата, а еве што друго може да ви помогне да ја одржите нејзината виталност.
Изберете ги вистинските препарати
Строго обрнете внимание на тоа какви препарати избирате. Не бидете упорни во користењето на одреден производ само затоа што е скап, освен ако не почувствувате и не видите напредок. Истото важи и за тониците за чистење, но и за шминката, која исто така може да предизвика одредени иритации.
Витаминот Е ја лечи кожата
Користењето крема или масло со витамин Е ќе го зголеми природното ниво на овој витамин врз површината на вашата кожата, кое се намалило за време на летото.
Планирајте третман со ретинол
Потребни се 6-12 недели за ретинолот да направи видливи резултати врз вашата кожа, затоа однапред испланирајте кога ќе го започнете третманот. Тој ја зголемува чувствителноста на кожата на сонце, затоа почнете со употреба откако ќе завршите со сончање.
Ставете навлажнувач за вашата (домашна) канцеларија
Користењето навлажнувачи дома и во канцеларија е ефикасен начин за додавање влага во воздухот, што пак помага да се одржи здраво нивото на хидратација на кожата.
Најдете соодветно масло, крема или тоник за чистење
По летото, повеќето типови на кожа имаат тенденција да се менуваат поради промените во околината; добро е да се подготват некои опции што ја поддржуваат бариерата на кожата – оние во форма на креми и масла, а не во форма на гелови.
Витамински сумплементи
Во периодот на транзиција од лето до есен, нашата кожа се соочува со променливи температури; надвор е топло преку ден, а навечер и наутро е студено. Ова може да ја исцрпи влагата од кожата, а земањето сумплементи на витамините Ц и Д и омега-3 масни киселини помага да се подобри нашата кожа одвнатре, што секогаш се манифестира и однадвор.