Еден од најголемите „бјути“ проблеми, со кои се соочуваат огромен број жени, секако се проширените пори. Врз типот на кожа дефинитивно влијае генетиката, сепак, повремено самите сме си виновни за проширените пори затоа што правиме „бјути“ грешки што кожата не ги простува.
Нестручно стискање на митесерите
Ако имате проблем со митесери, последната работа што би требало да ја направите е самите да ги стискате. Освен тоа, никогаш нема да ја извршите работата до крај, ќе им отворите пат на нечистотиите, кои ќе предизвикаат инфекција и дополнително ќе ги прошират порите.
Пречесто користење пилинг
Претераниот пилинг ќе го оштети површинскиот слој на кожата и таа, за да се заштити, ќе произведе огромни количини себум, кој предизвикува помрсна кожа и попроширени пори. Пилингот треба да се прави еднаш неделно и притоа не треба да се користат никакви агресивни средства.