Изборот на парфем е чувствителна и многу лична работа. Жените бираат парфеми кои пред сè им се допаѓаат на нив, но исто така сакаат убаво да му мирисаат на својот партнер. Затоа во таквата ситуација не сакаме од него да слушнеме нешто како: „Го чувствуваш ли и ти овој непријатен мирис?“
Прочитајте кои парфеми најчесто не ги сакаат мажите.
Класични цветни ароми
Стандардните цветни ароми, мирис на рози, камилица – одамна станаа досадни и асоцираат на бабини парфеми. Нарцисите, љубичиците и јасминот исто така се исклучително променливи во вкусовите кај мажите – таквите парфеми внимателно одбирајте ги. Но цветот од портокал, тубероза, фрезија – овие мириси најчесто мажите ги одобруваат.
Прашкасти мириси
И овие парфеми се премногу поврзани со годините. Скоро и да не постои личност чија баба немала свој омилен прашкаст мирис или постојаниот и бесмртен Шанел бр. 5! Се сложувате, убаво е кога некој ќе ве пофали дека готвите како неговата баба, но не и кога е во прашање мирисот.
Унисекс мириси
Малку мажи кои сакаат парфеми кои се подеднакво погодни и за вас и за него. Подобро е ако вашиот парфем евоцира примамлива слика на женственост, отколку да го потсетувате на колегата од работа. Доколку сепак повеќе сакате вакви ароми, дајте ѝ предност на ориенталноста и древноста.
Премногу заситени мириси
„Прво мирисот влезе, а потоа влезе и таа“ – сигурно ја знаете оваа ситуација? Значи, мажите овде не се некој исклучок – многу „агресивни“, мириси кои предизвикуваат главоболка која никој не ја сака. Дури, таквиот непожелен ефект да се постигне со скоро секоја арома доколку претерате со примената.
Мирис на храна
Не говориме за мирисот на пржен компир, но во суштина е приближно иста: мажите не сакаат мирис на зачини, кои се, да речеме, поврзани со јадење – куркума, коријандер, каранфилче… Истовремено, „десертниот“ мирис на ванила, цимет и јаткасти плодови, мажите не ги доживуваат така лошо.
Неприфаќањето на одреден мирис е речиси несвесен феномен, најверојатно нема да може да се објасни зошто некои парфеми гушат, додека други, со слични ноти, се апсолутно прифатливи. Многу често во нашата глава одредениот мирис се поврзува со специфична, можеби и непријатна личност или ситуација. Затоа, ако некој ве замоли повеќе да не ги користите овие парфеми, можеби е полесно да пронајдете некоја друга алтернатица откако да ги откриете сите тајни „во плакарот“ на неговата потсвест.