Парфемите со цитрусни ноти, во чија основа е мирисот на горчлив портокал и ванила се вистински хит ова лето. Овие парфеми, и за жените и за мажите, се дел од најновата колекција на „Авон“ ТТА Celebrate – Today, Tomorrow, Always. Инспириран од вљубените што ги гледал на улиците на Париз, познатиот парфимер Оливие Креспе го создаде најновиот мирис за неа и него, Celebrate.
Овие парфеми, според Креспе, се топли и сензуални. Жескиот мирис се состои од цитрусни ноти, тубероза и фрезија. Мирисот за мажите содржи бергамот, лаванда, ванила и нота од дабова мов. Во основата на секој од парфемите е мирисот од маслото нероли, кое се добива од цветот на горчлив портокал.
Со новите парфеми, компанијата бележи 15 години откако ги лансираше првите два парфеми од оваа колекција. Тогаш, заштитно лице на ТТА беше актерката Селма Хаек.