Плетенките се меѓу најпопуларните фризури. Кога зборуваме за летните фризури, постојат безброј начини да ја подигнете косата и да направите модерна фризура. Меѓутоа, без разлика на новите трендови, плетенките и понатака остануваат меѓу фаворитите.
Ова лето, петенките можевме да ги видиме речиси секаде. Девојките ги носат на музичките фестивали, во текот на денот, во вечерните излегувања, па дури и на венчавките.
Ако немате многу долга коса, не грижете се. Можете да го искористите овој тренд и плетенките да ги „надоградите“ со траки во бои од сјајни ткаенини. Доколку одберете класична плетенка или рибја коска, ви предлагаме да додадете шарени траки и да направите модерна фризура која особено изгледа убаво во текот на летото на плажа.
За вас ги избравме најинтересните предлози. Откријте ги во продолжение, инспирирајте се и исплетете ги плетенките!