Природна маска од лимон против мрсна коса

Имате ли чувство дека вашата коса е премногу мрсна? Денес користиме различни шампони и средства за стилизирање на косата, која е полна со силикон, а нашата коса станува мрсна и залепена после само неколку денови. Иако лачењето масти е природен процес и спречува нашата кожа да стане сува и кршлива, многумина ги нервира чувството и изгледот на мрсната коса, што може да биде вистинска препрека, особено која се носат шешири во текот на есента и зимата. За да го спречите прекумерното мрсење на косата, подгответе домашна маска за коса од лимон.

Потребно ви е:

  • Сок од два лимона
  • Жолчки
  • Кафена лажичка арганово масло

Помешајте ги сите овие состојки и добро втријте ги во косата. По 20 минути измијте ја косата со шампон и топла вода. Не ја нанесувајте често оваа маска за да не го исушите скалпот и на тој начин би си предизвикале првут.

Scroll to Top