Коректорот е еден од најдобрите козметички производи (ништо не може да ви помогне така ефикасно да ги покриете темните кругови под очите или други мали недостатоци на лицето), но понекогаш може да биде прилично тешко да го пронајдете оној кој најдобро ви одговара.
Во зависност од тоа на кој дел сакате да го користите (под очите или на други делови од лицето), потребно е малку да ја промените тактиката при неговиот избор. Ви носиме три брзи трикови кои ќе ви помогнат да ја изберете нијансата која најдобро ви одговара и како да го користите за да постигнете најдобри резултати.
Прв трик
При изборот на коректор, најдобро е да го испробате така што ќе го нанесете на клучната коска. Додека лицето и вратот најчесто се прекриени со шминка или крема со заштитен фактор, вашето деколте може да ви даде најпрецизна претстава за вашата вистинска нијанса на тен.
Втор трик
За да ги осветлите темните кругови под очите, бирајте малку посветла нијанса на коректор, кој ќе го нанесете околу внатрешните агли и областа под окото.
Трет трик
За да ги покриете сите неправилности на лицето, користете коректор кој во потполност се согласува со нијансата на вашиот тен, како би добиле беспрекорен финиш.