(Видео) Француска пунџа омилена фризура на Кејт Мидлтон

Колку и да сакаме свежо измиена и добро исфенирана коса, понекогаш е едноставно полесно, но и поелегантно кога косата ни е собрана во пунџа. Може да изгледа многу лежерно или ултрагламурозно, во зависност од пригодата.

Во последно време сè почесто гледаме шик и софистицирани chignon или француски пунџи, кои се чини дека повторно се хит. И војвотката Кејт Мидлтон често ја носи.

 

Овој софистициран изглед на француска пунџа бил популарна во античка Грција, како и во викторијанската ера, и повторно за време на Втората светска војна. Денес е една од најчестите фризури на црвениот тепих, но и фризура што може да се направи многу лесно дома.

Може да биде многу лежерна или ултрагламурозна, а сето тоа зависи од изгледот што сакате да го постигнете.

Првата варијанта е одлична за секој ден, додека втората е посоодветна за вечерни пригоди и празнични настани. Тоа е одлична алтернатива на високото или ниско опавче и може да се носи кога сакаме да го одложиме миењето на косата.

&nbsp

Scroll to Top