Битолчани повторно ќе одлучуваат: Општината организира втор форум за идниот изглед на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор.

Форумот ќе се одржи на 23 јуни, со почеток во 12:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола.

Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, да се запознаат со предложените решенија и активно да се вклучат во процесот на креирање на идниот изглед на плоштадот „Гоце Делчев“.

 

Целта на форумот е преку транспарентен и инклузивен процес да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните, со што ќе се придонесе за поквалитетно уредување на јавниот простор во централното градско подрачје.

Scroll to Top