Љатифи: Новите енергетски поврзувања отвораат можности Македонија да стане регионален центар

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, оценува дека одржувањето на Македонскиот енергетски форум во Скопје е значаен чекор кон позиционирање на државата како регионален центар за дијалог и соработка во енергетскиот сектор на Западен Балкан.

Во изјава за ТВ21, Љатифи посочи дека Северна Македонија треба да ја искористи својата стратешка географска положба преку засилени инвестиции во нови и постојни енергетски интерконекции со соседните земји.

Тој информира дека веќе е започната изградбата на интерконекцијата меѓу Северна Македонија и Албанија, а заедно со Косово е поднесена апликација за проект од заеднички интерес за новата врска Тетово – Призрен.

„Интензивно работиме и со Грција на зајакнување на постојната интерконекција Битола – Мелити“, изјави Љатифи.

Според него, овие проекти ќе придонесат за зголемена енергетска стабилност, сигурност во снабдувањето и подобра регионална поврзаност.

Scroll to Top