Меџити: Европскиот пат на Македонија започнува и се гради во општините

Учeството на копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, на сесијата на Заедничкиот консултативен комитет во Брисел, при Европскиот комитет на регионите, повторно ја актуелизира улогата на општините во процесот на европска интеграција.

Од Брисел, Меџити во својство на градоначалник на Општина Чаир и заменик-претседател на ЗЕЛС, порача дека локалната самоуправа мора да биде активен дел од патот кон Европската Унија, како клучна алка во спроведувањето на реформите и приближувањето на европските стандарди до граѓаните.

Според ВЛЕН, процесот на европска интеграција не може да се одвои од општините и од услугите што граѓаните ги добиваат на локално ниво. Општините, како што беше нагласено, се најблиската адреса до граѓаните, каде се бараат ефикасни услуги, одговорност и конкретни решенија за секојдневните проблеми.

Во таа насока, децентрализацијата останува една од клучните програмски определби на ВЛЕН. Зајакнувањето на локалната власт и зголемувањето на надлежностите на општините, според нив, ќе овозможи побрз и поефикасен одговор на потребите на граѓаните.

ВЛЕН најавува дека ќе продолжи со заложбите за силни општини, функционална децентрализација и европски стандарди што директно ќе се почувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните.

Scroll to Top