Општина Битола воведува бесплатен паркинг за лицата од аутистичниот спектар – Советот ја усвои одлуката едногласно

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар.

Повластената паркинг карта може да ја користат на следните паркинг зони:
Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2.

Картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, таа не е пренослива на други лица, односно не може да ја користат други лица или други возила и е со важност од една година.

 

Повластената паркинг карта се издава на физички лица кои се со регистрирано живеалиште или престојувалиште во Општина Битола и се издава само за едно патничко моторно возило.

Потребната документација се доставува до ЈП „Паркинзи“, а оваа мерка е поддршка за лица со попреченост и нивните семејства и барањето за спроведување на одлуката за бесплатен паркинг за родители на деца со аутизам.
Советот беше едногласен за оваа одлука.

Scroll to Top