Општина Прилеп со итен апел до граѓаните: Бидете внимателни поради најавеното невреме

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ НАЈАВЕНО НЕВРЕМЕ!

Почитувани сограѓани,
Според најновите метеоролошки прогнози, во наредниот период се очекуваат нестабилни временски услови, проследени со силен ветер.

Апелираме до сите граѓани навремено да преземат превентивни мерки за заштита на својата безбедност и имот.
Особено ве замолуваме:
-да не ги паркирате возилата под високи и парковски дрвја, како и во нивна непосредна близина;
-доколку сте во можност, возилата од булеварите, улиците и другите јавни површини да ги преместите на побезбедни места;
-за време на невремето да избегнувате движење и задржување под дрвја, рекламни паноа, електрични столбови и други објекти кои може да бидат оштетени од силниот ветер.

 

Доколку забележите паднати дрвја, скршени гранки, оштетена инфраструктура или други опасности што можат да ја загрозат безбедноста на граѓаните, веднаш пријавете до надлежните служби или на бројот за итни случаи 112!

Да постапуваме одговорно и превентивно. Со навремена реакција и почитување на препораките можеме да спречиме материјални штети и да ја зачуваме безбедноста на сите.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Општински штаб за заштита и спасување – Прилеп.

Scroll to Top