Проданоски: Во Ново Лагово одбележан денот на осветувањето на црквата „Света Петка“

Дејан Проданоски денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на осветувањето на црквата Света Петка, каде заедно со жителите на Ново Лагово и бројни гости и пријатели го прославија големиот празник.

Во својата објава, Проданоски истакна дека е особено важно што традицијата продолжува да се негува и пренесува низ генерациите, нагласувајќи дека ваквите празници ги зближуваат луѓето и носат мир, заедништво и надеж.

„Убаво е да се види како традицијата живее низ генерациите. Празниците се токму за тоа – да нè зближат, да донесат мир во домовите и заедно да ни дадат сила да чекориме напред кон поубава иднина“, порача Проданоски.

Тој упати и честитки до жителите на Ново Лагово, посакувајќи Света Петка да биде заштитник на селото и да донесе здравје, среќа, бериќет и благосостојба во секое семејство.

Scroll to Top