Снег на Шар Планина среде јули: Метеорологот Попоски објави слика од Попова Шапка

Иако календарски сме во средината на летото, денеска, 24 јули, на Шар Планина е забележан снег.

Метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи објави снимка од пределот над Попова Шапка, посочувајќи дека на повисоките делови од планината паѓа снег.

„Верувале или не: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег“, напиша Попоски во објавата.

Тој истовремено посочи дека ваквиот развој на временските услови е во согласност со неговите претходни прогнози.

„Прогнозите мои се остварија“, наведе метеорологот.

Објавената снимка покажува облачно и магливо време на Шар Планина, со значително намалена видливост во повисоките делови.

По летните температури во изминатиот период, ваквата временска слика на крајот од јули привлекува внимание, особено поради појавата на снег на високите планински предели.

Scroll to Top