ВЛЕН: Парламентот во изминатите две години беше двигател на клучни процеси

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавниот процес и зајакнувањето на институционалното функционирање.

Во двегодишниот извештај на Гаши, кој беше презентиран пред ко-претседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, беа издвоени неколку од најважните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медреса, Законот за поддршка на инвестиции, Законот за правична и соодветна застапеност, колективните договори за универзитетите, како и реформите во високото образование.

Исто така беше нагласено дека во собраниска процедура се наоѓаат и повеќе законски решенија од реформската агенда.

Од ВЛЕН порачаа дека овие резултати претставуваат доказ за посветеност кон унапредување на правата на граѓаните, поттикнување на економскиот развој и градење поефикасни и пофункционални институции во служба на сите граѓани.

Scroll to Top