Обувките се „предизвик“ секоја сезона за љубителите на модата бидејќи треба да ги изберат вистинските модели за совршено да ги комбинираат со тренди есенската гардероба.
Девојките и влијателните личности веќе ги избраа своите омилени модели и ние денес ќе се позанимаваме со еден од нив. Ако барате инспирација за вашите стајлинзи на Инстаграм, веројатно сте ги забележале белите чизми. Зашиени, со платформа, масивни и компитабилни со сите парчиња од есенската гардероба, моделот на брендот Валентино ги освои срцата на инфлуенсерите оваа сезона.
Не мора да имате модел на Валентино во вашата гардероба, сега белите чизми се во тренд и дефинитивно ќе најдете слични дизајни. Значи, ако се одлучите да го прифатите овој тренд, погледнете ги следниве комбинации на инфлуенсерите за поголема инспирација!
Носете бели чизми со плетени фустани и без хулахопки, доколку времето го дозволува тоа.
View this post on Instagram
Кошулата и шорцовите во светли нијанси одлично се совпаѓаат со бела боја на чизми.
View this post on Instagram
Покрај секојдневниот стил, можете да комбинирате масивни бели чизми со елегантна чанта со синџир.
View this post on Instagram
Носете ги со земјени тонови и направете убав контраст на боите.
View this post on Instagram
Долгите капути изгледаат одлично ако ги комбинирате со бели чизми и шорцови.
View this post on Instagram
Џемперите и мини здолништата одлично се совпаѓаат со овој тренд на чевли.
View this post on Instagram
Носете ги без дебели чорапи и дајте му шмек на вашиот изглед.
View this post on Instagram