Елегантниот Зидан наспроти спортскиот Мурињо

Дизајнерот Златко Јовановски го коментира стилот на двајцата фудбалски тренери Зинедин Зидан и Жозе Мурињо, за тоа како беа облечени на Суперкупот што се играше во Скопје.

„Од она што го видов, а и на сликите, и двајцата тренери изгледаат прекрасно облечени, секој во својот стил. Едниот со својата елеганција остава силен впечаток, а другиот во спортско и опуштено издание се чувствува попрактично.

Сепак, ако смеам нешто да додадам, а тоа е дека јас никогаш не би комбинирал тонирани чевли со елегантен костум како Зидан. Сепак, тоа е многу смела комбинација. Браво и за двајцата“, вели Јовановски. (А.Г.)

Scroll to Top