Македонската модна куќа „Астибо“ неодамна во Штип ревијално ја промовира својата нова колекција за есен-зима 2017/2018.
Новата колекција и овој пат ја носи препознатливата естетика на модната куќа. Елегантните парчиња се дизајнирани за современата жена и дизајните се отсликуваат претежно со женственост, но не е изоставен и спортскиот секојдневен изглед.